| Powwow Report for Makedonija - Kočani (Mar 19 2011) Report from Hristina Dojčinova | Уште една неформална средба на македонските преведувачи и толкувачи на ProZ.com, но овојпат во мартовско издание над прекрасното кочанско езеро, Брана Градче. На оваа средба присуствуваа 23 учесници, од искусни и докажани преведувачи и толкувачи до студенти по преведување и толкување. Беа покриени јазиците англиски, германски, албански, италијански и француски. По отворањето на средбата од организаторот Христина Дојчинова, на почетокот сите присутни имаа можност накусо да се претстават себеси и да ги изразат своите интереси.
На оваа средба имавме задоволство да слушнеме за основањето на две нови здруженија во Република Македонија, чија главна цел е издигнување на професиите конференциски толкувач и преведувач. Најпрвин беше претставено Здружението на конференциски толкувачи на Република Македонија. Претседателот на здружението, Влатко Огњановски, конференциски толкувач со долгогодишно искуство, зборуваше за првичната идеја за основањето на вакво здружение и нејзиното реализирање, давајќи ни преглед и на структурата на здружението. Самите членови на ова здружение ќе се обврзат да почитуваат одредени стандарди за работа, кои беа споменати и дискутирани на средбата. Зачленувањето во здружението го следи принципот на зачленување во Меѓународната асоцијација на конференциски толкувачи (AIIC), односно постојат два начина: добивање препораки од двајца колеги, веќе се членови на здружението, по одработени 150 работни дена во конференциско толкување, или положување на испитот за акредитација за конференциски толкувач организиран од Европската комисија. Беше споменато и дека пред исполнувањето на условите за станување член во Здружението, заинтересираните би можеле да бидат кандидати за членство, се додека не станат и полноправен член. Во меѓувреме беа начнати дискусии за самиот испит за акредитација, за професионалните толкувачки стандарди и неизбежно, за цените на пазарот на трудот.
По паузата за ручек беше претставено Здружението на преведувачи на Република Македонија. Претседателот на здружението, Ирена Кацарски-Кимова, ја претстави структурата и членството во Здружението. Во моментов единствен начин за зачленување во здружението е доколку имаме препораки од тројца постојани членови на Здружението на преведувачи на РМ. Беше напоменато дека во иднина и самото здружение би можело да организира сопствен испит за акредитација. Предвидени се и категориите придружен член за физички лица, и придружен член за агенции за преведување и издавачки куќи. Во презентацијата на Кацарски-Кимова беше претставен накусо и Европскиот стандард за преведување, EN: 15038, по кој ќе се раководи ова здружение. При презентацијата беше развиена плодна дискусија за формирањето и утврдувањето на стандард за бројот на страници кои би биле предвидени за превод во еден работен ден, за цените на пазарот на трудот и за улогата на издавачките куќи и агенциите за преведување. Беа дадени корисни коментари и идеи од голем број од учесниците, кои изразија голем интерес за двете здруженија и за подобрувањето на ситуацијата на преведувачите и конференциските толкувачи во Македонија, пред се во споредба со колегите на регионално ниво.
Самата средба беше оценета како една од најдобрите досега. Се надеваме дека многу скоро повторно ќе се состанеме, ќе размениме искуства и ќе уживаме во одлично друштво. А до тогаш, среќно преведување и толкување!
|
ProZ.com users and members who attended
: organizer : photos : report : host |
---|
Postings from ProZians who attended this event Apr 3 '11 Hristina Dojčinova: Извештај
Better late than never :)
Благодарност до сите учесници:
1. Христина Дојчинова
2. Владимир Огњановски
3. Ирена Кацарски Ќимова
4. Елена Мангова
5. Јана Спироска
6. Елена Митева
7. Дарко Миовски
8. Сања Јовановска
9. Емил Рангелов
10. Зоран Панушковски
11. Билјана Василева Бојчев
12. Габриела Николова
13. Столе Марковски
14. Катерина Велоска
15. Руди Георгиев
16. Магдалена Горгиева
17. Љубица Арсовска
18. Соња Филипова-Гајдова
19. Тамара Младеновска
20. Зоран Јованоски
21. Владимир Димитријевиќ
22. Надица Сарева
23. Јана Илиевска
Повелете извештај од средбата изготвен од Јана Илиевска:
Уште една неформална средба на македонските преведувачи и толкувачи на ProZ.com, но овојпат во мартовско издание над прекрасното кочанско езеро, Брана Градче. На оваа средба присуствуваа 23 учесници, од искусни и докажани преведувачи и толкувачи до студенти по преведување и толкување. Беа покриени јазиците англиски, германски, албански, италијански и француски. По отворањето на средбата од организаторот Христина Дојчинова, на почетокот сите присутни имаа можност накусо да се претстават себеси и да ги изразат своите интереси.
На оваа средба имавме задоволство да слушнеме за основањето на две нови здруженија во Република Македонија, чија главна цел е издигнување на професиите конференциски толкувач и преведувач. Најпрвин беше претставено Здружението на конференциски толкувачи на Република Македонија. Претседателот на здружението, Влатко Огњановски, конференциски толкувач со долгогодишно искуство, зборуваше за првичната идеја за основањето на вакво здружение и нејзиното реализирање, давајќи ни преглед и на структурата на здружението. Самите членови на ова здружение ќе се обврзат да почитуваат одредени стандарди за работа, кои беа споменати и дискутирани на средбата. Зачленувањето во здружението го следи принципот на зачленување во Меѓународната асоцијација на конференциски толкувачи (AIIC), односно постојат два начина: добивање препораки од двајца колеги, веќе се членови на здружението, по одработени 150 работни дена во конференциско толкување, или положување на испитот за акредитација за конференциски толкувач организиран од Европската комисија. Беше споменато и дека пред исполнувањето на условите за станување член во Здружението, заинтересираните би можеле да бидат кандидати за членство, се додека не станат и полноправен член. Во меѓувреме беа начнати дискусии за самиот испит за акредитација, за професионалните толкувачки стандарди и неизбежно, за цените на пазарот на трудот.
По паузата за ручек беше претставено Здружението на преведувачи на Република Македонија. Претседателот на здружението, Ирена Кацарски-Кимова, ја претстави структурата и членството во Здружението. Во моментов единствен начин за зачленување во здружението е доколку имаме препораки од тројца постојани членови на Здружението на преведувачи на РМ. Беше напоменато дека во иднина и самото здружение би можело да организира сопствен испит за акредитација. Предвидени се и категориите придружен член за физички лица, и придружен член за агенции за преведување и издавачки куќи. Во презентацијата на Кацарски-Кимова беше претставен накусо и Европскиот стандард за преведување, EN: 15038, по кој ќе се раководи ова здружение. При презентацијата беше развиена плодна дискусија за формирањето и утврдувањето на стандард за бројот на страници кои би биле предвидени за превод во еден работен ден, за цените на пазарот на трудот и за улогата на издавачките куќи и агенциите за преведување. Беа дадени корисни коментари и идеи од голем број од учесниците, кои изразија голем интерес за двете здруженија и за подобрувањето на ситуацијата на преведувачите и конференциските толкувачи во Македонија, пред се во споредба со колегите на регионално ниво.
Самата средба беше оценета како една од најдобрите досега. Се надеваме дека многу скоро повторно ќе се состанеме, ќе размениме искуства и ќе уживаме во одлично друштво. А до тогаш, среќно преведување и толкување!
Срдечен поздрав,
Христина Дојчинова |
| | | | | X Sign in to your ProZ.com account... | | | | |
| |
You can request verification for native languages by completing a simple application that takes only a couple of minutes.
Review native language verification applications submitted by your peers. Reviewing applications can be fun and only takes a few minutes.
View applications
|